Бројот на загинати во застрашувачкиот бран шумски пожари што зафати неколку делови на Лос Анџелес се искачи на најмалку десет. Пожарот „проголта“ околу 10 000 куќи и други згради, а бројот на евакуирани граѓани се искачи на околу 180 000.
Пет пожари сè уште се активни во и околу овој град во американската сојузна држава Калифорнија.
Во пожарите што го зафатија Малибу, уништени се најмалку пет цркви, синагога, седум училишта, две библиотеки, бутици, барови, ресторани, банки, локални знаменитости.
Материјалната штета сега се проценува на 150 милијарди долари.
Полицијата во Лос Анџелес ги истражува последните информации поврзани со пожарот Кенет, за кој истражителите сомничат дека пожарот е намерно подметнат, а граѓаните помогнале во апсењето на осомничениот.
Џо Бајден објавуви дека потпишал грант за системи за управување со пожари, како и декларација за голема катастрофа во одговор на разорните пожари во Калифорнија. Федералната влада ќе ги покрие 100% од трошоците во следните 180 дена, без учество на државните и локалните власти.
Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп го обвини гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом за ширење на шумските пожари и го повика да поднесе оставка.