И во текот на вчерашното деноноќие, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во три смени реализираа активности за рачно и машинско чистење на снегот и мразот на булеварите и поголемите улици во сите скопски општини, како и во пешачките зони во централното градско
подрачје.
Воедно, во скопската општина Чаир беа спроведени и вонредни активности за отстранување неколку диви депонии лоцирани на улиците Џон Кенеди – до ООУ „Васил Главинов“, Славеј Планина – во непосредна близина на скопското Теќе и булеварот Крсте Мисирков – зад т.ц. Мавровка. Во рамките на овие активности беа подигнати и транспортирани вкупно 50
кубни метри непрописно одложен отпад.