МВР 24 часовен Билтен

Сподели

На 14.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Т.(30) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. Подоцна, по дополнително преземени мерки, полициските службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје со судска наредба извршиле претрес во домот на пријавениот на подрачјето на општина Аеродром, при што биле пронајдени и одземени марихуана, семки од канабис, дигитална вага, бела грутчеста материја, таблети, пиштол „Зораки М 906“ со рамка, пари и други предмети. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 и член 396 од Кривичниот законик.    

На 14.01.2025 во 13.30 часот во Скопје, на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.А.(33) од Скопје. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 14.01.2025 во 08.00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.М.(46) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2025 во 13.00 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода С.Л.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2025 во 19.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Денеска (15.01.2025) во 01.50 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле Н.А.(21) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени пневматски пиштол и нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2025 во 23.15 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го привеле К.А.(26) од Скопје, затоа што кај него бил пронајден и одземен нож. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 14.01.2025 во 16.00 часот во Полициската станица Гази Баба, К.Д.(51) од Скопје пријавила дека на ул.„Финска“ во Скопје била касната од куче скитник. 

На 14.01.2025 во 11.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, И.Р.(42) од Скопје пријавил дека на ул.„1512“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.01.2025 во 14.50 часот во Полициската станица Аеродром, А.Н.(27) од с.Долно Лисиче, скопско, пријавила дека на бул.„12 Македонска бригада“ во Скопје била касната од куче скитник.

На 14.01.2025 во 18.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.С.(37), Н.М.(43) и З.Ч.(38), тројцата од Штип и З.П.(39) од Куманово затоа што при преглед во патничкото возило во кое се превезувале бил пронајден алат за извршување кривични дела, додека кај З.П. била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. 

На 14.01.2025 во 16.00 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле М.И.(32) од Куманово, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор К`шање за издржување затворската казна.