ЊУЈОРК (АА) – За време на одржувањето на 71. Генерално собрание на Обединетите нации (ОН), пред зградата на ОН, против Израел протестираа илјадници ортодоксни Евреи, јавува Anadolu Agency (AA).
На протестот што се одржа на Даг Хамаршелд Плаза, Менхетн, учествуваа илјадници ортодоксни Евреи облечени во традиционална облека. Протестот е против Израел, особено против политиката што ја води кон Палестина и политиката што Израел ја применува кон сопствените граѓани, и ја осуди политиката на регрутирање војници во израелската армија.
„Ние сме религиозни Евреи и според верувањето, не треба да служиме војска. Тука се собравме за да го искажеме нашето незадоволство од политиката што ја води Израел“, изјави за АА еден од демонстрантите, ортодоксниот Евреин, рабинот Дејвид Најдермен.
Групата носеше транспаренти со натписот: „Израел престани да ги принудуваш на воен рок религиозните Евреи“, и го извикуваше слоганот: „Не сакаме да одиме во војска“.
На протестот се одржа под силно полициско обезбедување, а беше поставената бина на која беа одржани неколку говори придружени со молитви.