Во четврток, на 13 февруари 2025 година, во Кинотека на Македонија, со почеток во 20 часот, ќе биде прикажан играниот филм „Анора“.
„Анора“ е последниот филм на новото големо име на американскиот и светскиот филм – Шин Бејкер.
Филмот е победник на Канскиот фестивал и добитник на една од најпрестижните кинематографски награди, Златната палма.
