Жално е што партиите на Влен се обидуваат да ја преземаат улогата на портпарол на Претседателот и Премиерот, бранејќи го ова неприфатливо молчење на државните институции.
Фактите се јасни: за првпат од прогласувањето на независноста на Косово, ниту Претседателот, ниту Премиерот, ниту Министерот за надворешни работи јавно не ја честитаа оваа значајна годишнина за регионот и за Албанците посебно, реагираат со соопштение од ДУИ.
Наместо да бараат одговорност и да го бранат интересот на Албанците, партиите со 1% рејтинг се идентификуваат толку длабоко во улогата на вазали на власта, што веќе претставуват срам за албанската заедница.
ДУИ отсекогаш стоела и ќе стои достоинствено во одбрана на националните вредности и искрените односи со Република Косово.
Во политиката, достоинството не е опција – тоа е обврска!
ДУИ, соопштение
