Oдземениот имот на Груевски и на Мијалков на продажба

Сподели

Наскоро на продажба ќе биде одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, информираат од Агенцијата за управување со одземен имот. Проценетата вредност на овој имот е околу 29 милиони евра, објави ТВ Телма.

Ќе се продаваат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште. Овие имоти на Груевски и на Мијалков им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Ќе се продаваат станови на улицата „Бихаќка“, апартмани во „Панорама резиденс“, станови во Охрид, плацеви на Водно, во Центар…Становите и апартманите се вкупно проценети на 1,9 милиони евра, а останатата сума од 5,8 милиони евра е за плацевите на Водно. 

Агенцијата за управување со одземен имот најпрво ќе треба да побара дозвола од Владата за продажба на имотот.