Центар финансиски ги поддржа младите таленти на Space Walkers

Сподели

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, вчера беше дел од донаторскиот настан за поддршка на националните роботски тимови организиран од СТЕМ Академија која е единствената глобално акредитирана организација за СТЕМ образование во земјава.

„Заедно со домаќинот и водител на настанот Сашко Коцев, на еден забавен начин, ја прославивме моќта на упорноста, храброста да се сонува и силата на младите умови кои никогаш не се откажуваат. Навистина сум среќен што имав можност да ги запознаам членовите на Space Walkers тимовите и одблизу да ги видам роботските креации што децата ги изработија во изминатиот период и со кои ќе учествуваат на Глобалната светска роботска олимпијада која ќе се одржи во април на Крит, Грција. За пофалба е постигнатиот минатогодишен успех, кога во конкуренција од 1450 тимови во 19 категории, младите таленти на Space Walkers освоија прво и второ место што е показател за нивната посветеност, инвестирање безброј часови во дизајнирање, тестирање и подобрување на роботите. Направете нè повторно горди и покажете му на светот што значи македонската СТЕМ сила“, рече Герасимовски. 

Општина Центар го препознава квалитетот, го вреднува трудот и затоа континуирано дава финансиска поддршка на програмските активности на оваа фондација.