НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ВЛАДАТА ОД 10.8 МИЛИОНИ ЕВРА

Сподели

euros

Министерството за финансии за утре има закажано ново задолжување на домашниот пазар.

Според најавата, државата ќе побара 4.878.048 евра, преку 12-месечни државни записи и уште 5.934.959 евра преку 15-годишни државни обврзници. Вкупната сума е над 10,8 милиони евра.

Инаку, после издавањето на еврообврзницата, јавниот долг, според опозицијата е над 50 посто од БДП, што го потврди и гувернерот на НБРМ, Димитар Богов.