Архитектонска изложба за идејно решение за нова општинска зграда на Центар

Сподели

Општина Центар информира дека денеска (вторник, 04.03.2025 година) организира Архитектонска изложба по конкурсот за изработка на идејно решение за нова општинска зграда. Изложбата ќе се одржи со почеток во 19.00 часот во просториите на КСП Центар – Јадро.

Презентацијата ќе претстави различни архитектонски решенија кои имаат за цел да создадат современ и функционален простор што ќе ги задоволи потребите на граѓаните и општинската администрација. Ова е важен чекор во процесот на развој на инфраструктурата во општина Центар, кој ќе придонесе за подобрување на квалитетот на животот на сите жители.

Пред присутните ќе се обрати градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, проф. д-р Мишко Ралев и претставници од наградените трудови.