Вчеравечер, на 15 март, во дискотека во Кочани избувнал пожар во кој има има жртви и повредени. Засега не може да се шпекулира околу бројката на починатите и настраданите во пожарот.
На концертот на ДНК во дискотеката „Пулс“ во Кочани присуствуваа повеќе од 1.500 лица. Пожарот избил во три часот по полноќ по што настанало гушење на присутните, стампедо во кое исто така загинале десетина лица.
Во гаснењето учествувале возила на Територијалната противпожарна заштита, но ниту тие ниту медицинските тимови на терен не биле доволни за да ги спасат сите настрадани. Помагале цивили и со цивилни возила.
Според Основното јавно обвинителство, уште се утврдува бројот на жртви, а засега нема информации за причината за пожарот.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во моментов дава изјава за медиумите и повикува на трпение до крајот на постапката и утврдувањето на причината на несреќата.
Од ОЈО велат дека сите надлежни служби, вклучително и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани се на терен. Како што велат, бројот на жртви и повредени се утврдува.
„Се уште се преземаат дејствија и се врши увид. Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, како и основните јавни обвинители на ОЈО Скопје и на ОЈОГОКК се на пат кон Кочани. На кочанското обвинителство ќе му бидат ставени на располагање сите капацитети на обвинителствата за итно постапување“, информираат од Обвинителството.
