Тајфунот Меги го погоди источниот дел на Кина, исчезнаа 32 лица

Сподели

thumbs_b_c_dee5ebfa64e881c1250dc10f5b9d84dc

ПЕКИНГ (АА) – Во кинеската источна покраина Жејианг, 32 лица се водат како исчезнати откако таа покраина ја погоди тајфунот Меги, пренесува Anadolu Agency (AA).

Кинеската новинска агенција Синхуа тврди дека 26 жители недостигаат во местотото Суцун како последица на свлечиште кое ја сруши зградата.

Исчезнувањето на останатите шест е пријавено во местото Баофенг.

Тајфунот Меги, со обилни врнежи и бурни ветрови, вчера во Тајван однесе животи на четири лица додека 500 се повредени.

Почетокот на месецот во тајфунот Меранти загинаа 39 лицa, додека 15 и понатаму се водат како исчезнати во Кина и Тајван.