САМО КОГА ЉУБОВ ДАРУВАШ… – ФЕРЕ ЏАФЕРОСКА

Сподели
12472484_10157259712200051_6011142341181368360_n
САМО КОГА ЉУБОВ ДАРУВАШ…
Еве и мојот месец десетката ја раситни
А јас срцево уште за цело си го чувам
Во сефот на кревкиве гради
Кои ни експлозив не ги крши
Ама неколку убај збора
И една рака од љубов извајана
Како портите на дворец за празник
Ќе ги отворат Ама кој да ги каже?
Еве и ноќва саатите ги ситни
Чиниш не се саати туку зрнца прашина
А мене очиве ко пет банки отворени
Ко да ќе пропуштат некоја ѕвезда на паѓање
Па не ќе можам барем во желба да те замислам
И така, во некоја друга мисла ќе одлеташ
А мојава пак осамена ќе заспие
Па сонот во кошмар ќе ја претвори
Ама кој да те чека?
Само годиниве пусти се крупнат
Ама јас дури стотката не ја раситнам
Не ќе се предадам
Чунки јас со ситнурии не се расправам
Кај мене или во цело доаѓаш
Или матната во песок ќе те претвори
Сетне ветерот ќе те разнесе
Па после кој ќе се мачи да те собира?
…Затоа еднаш веќе научи дека
Животот е цел само кога љубов даруваш…