Јапонија: Откажани летови поради тајфунот Чаба

Сподели

n-lionrock-a-20160831-870x579

Заради моќниот тајфун Чаба, јапонските авикомпании откажаа 85 домашни летови, пренесе Јапан тудеј.

Според јапонската Метеоролошка служба тропската бура сега се наоѓа северозападно од островот Кјушу.

Брзината на ветрот во центарот на тајфунот достигнува 40 метри во секунда со тенденција да се зголеми до 60 метри во секунда. Во повеќе југозападни префектури се очекува во текот на денот да паднат врнежи до 200 милиметри.

Властите во јужната префектура Окинава поради тајфунот Чаба во понеделникот беа принудени да го затворат главниот аеродром во градот Наха, поради што беа откажани околу 300 летови.

650x366_10031417_screen-shot-2016-10-03-at-10-16-53-am