ИСТАНБУЛ (АА) – Полцијата соопшти дека трага по лицето осомничено за експлозијата која денес се случи во близина на полициската станица во населбата Бахчелиевлер, јавува Anadolu Agency (AA).
Се додава дека во потрагата по осомниченото лице се вклучени и хеликоптери, а полицијата врши претреси во автобусите и метроата.
Според последните информации, најмалку десет лица се повредени во силната експлозија која денес се случи во населбата Бахчелиевлер.
Силната експлозија во квартот Јенибосна се случи денес околу 15:50 часот по локално време.
Експлозијата причинила голема материјална штета на околните возила и згради, а на местото на настанот упатени се бројни екипи на полицијата и итна медицинска помош.
Полицијата ги затвори окололните улици за сообраќај во близина на местото на експлозијата.