Новиот извештај за напредокот на Македонија кој се очекува да го објави Европската комисија ќе има посебен дел посветен за судството, брифираат дипломатски извори за 24 Вести.
Според за сега неофицијални информации, во овој дел од извештајот ќе се третира и формирањето на посебно одделение во Основниот суд Скопје 1 кое би требало да се занимава со случаите кои произлегуваат од прислушуваните разговори околу кои е формирано и Специјалното јавно обвинителство.
Објавувањето на извештајот за напредокот се очекува во ноември, во очи на предвремените парламентарни избори во декември, кои според евроамбасадорот Самуел Жбогар претставуваат клучен чекор за разрешување на политичката криза во земјава.
Со финансиска помош од Европскјата комисија покриени се 70 проценти од новата опрема за Агенцијата за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во вкупна вредност од над 800.000 евра. Со опремата се обезбедува постојано 24-часовно снимање на емитуваната програма на радио и телевизиските програмски сервиси.