Барак Обама предвремено гласаше во Чикаго за следен претседател на САД

Сподели

obama-glasa

Претседателот на САД Барак Обама  предвремено гласаше во Чикаго на изборите за негов наследник во Белата куќа.

Обама беше сенатор од Илиноис пред да стане претседател на САД.

– Вршите голема работа, им рече Обама на вработените во избирачкото места во Чикаго, каде учествува во собирање средства за кампањата на Хилари Клинтон.

На прашањето за кого гласал, Обама само се насмевна.

Гласачките ливчиња ќе бидат преброени кон крајот на изборниот ден 8 ноември.

Според официјалните податоци, во 1996 година само 10,5 проценти од американските избирачи гласале однапред. Во 2012 година тие веќе биле една третина од сите гласачи, а меѓу нив повторно бил Барак Обама.