Тројца нови кардинали доаѓаат од САД, еден од Италија, а останатите се од Африка, Океанија, Азија и Јужна Америка
ВАТИКАН (АА) – Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско именуваше 17 нови кардинали, меѓу кои 13 кардинали се помлади од 80 години, кои можат да влезат во конклавата и еден ден да имаат право да избераат нов папа, јавува Anadolu Agency (AA).
Тројцата нови кардинали доаѓаат од САД, еден е од Италија, а останатите се од Африка, Океанија, Азија и Јужна Америка.
Папата Франциско истакна дека 17 од нив официјално ќе станат кардинали на официјалниот состанок на Советот на кардиналите на 19. ноември, во пресрет на завршувањето на Светата Година на милоста.
Кардиналот во католичката хиерархија после папата е највисоката црковна служба.