“Куршумли Ан” даден на користење бесплатно во наредните 10 години

Сподели

kursumli-an

Куршумли Aн е отстапен на амбасадата на Република Турција во Македонија и турскиот културен центар Јунуз Емре на десет годишно користење, од страна на Владата на РМ. Оваа одлука е објавена во Службен весник во февруари 2016та.
Во неа се наведуваат два члена:
Прв член :
“Со оваа одлука се даваат на времено користење недвижни ствари – простории во објект, Куршумли ан – споменик на култура на улица Евлија Челебија
(кат приземје, број 1, со површина од 451 м2,кат 1, број 1, со површина од 349 м2,кат 1, број 1, со површина од 524м2) сопственост на Република Македонија, на Амбасадата на Република Турција во Република Македонија – Скопје, за активностите на културниот центар – Турски културен центар Јунус Емре во Скопје.”
Втор член :
„Недвижните ствари од член 1 од оваа одлука се даваат без надомест на времено користење за период од десет години од денот на влегувањето во сила на оваа одлука“.

Куршумли Aн се наоѓа на левиот брег на реката Вардар во некогашна железарска чаршија во Скопје во дворот на Музејот на Македонија. Изграден е во првата половина на 14тиот век. Делува импозантно со декоративно градените ѕидови и малите куполи во форма на пирамиди со благо издадени страни кои секогаш биле покриени со олово (куршум) по што го добил и своето име.
За време на одржувањето на Креативен филмски фестивал за документарци Македокс, Куршумли Aн е сместен на четвртото место од 15 предлози, како една од најубавите киносали во светот.
Куршумли Aн е срцето на старата Скопска Чаршија, место на кое се одржуваат многу културни настани и како такво има посебно место во културниот живот на Македонија