Нови обвиненија за корупција против поранешниот бразилски претседател Лула да Силва

Сподели

26-08-2016-lula-da-silva

Обвинителството во Бразил поднесе нови обвиненија за корупција и перење пари против поранешниот шеф на државата Луиз Инасио Лула да Силва.

Лула и поранешниот шеф на градежната фирма „Одебрехт“, Марсело Одебрехт се обвинети дека учествувале во корупциски скандал, поврзан со договори во Ангола.

Поранешниот претседател е веќе обвинет за две кривични дела поврзани со корупција во државната нафтена компанија „Петробраз“, а Одебрехт има 19-годишна пресуда за други корупциски обвиненија.

Обвинителството тврди дека Лула ја злоупотребил својата службена позиција и обезбедил финансирање од државната бразилска банка БНДЕС за проекти на „Одебрехт“ во Ангола. Фирмата на Марсело им платила за услугата на Лула и други соработници повеќе од девет милиони долари.