Младинците ќе поделат 200.000 евра за пласманот на ЕП

Сподели

Младите македонски фудбалери, кои во вторникот изборија пласман на Европското првенство во Полска, за историскиот успех ќе бидат парично наградени од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во вторникот ја совладаа Шкотска (2-0) и станаа првата генерација на македонски фудбалери која изборила пласман на завршницата на едно континентално натпреварување.

Успехот што го постигна младата репрезентација, ФФМ ќе го награди со 200.000 евра, премија која фудбалерите ќе ја поделат меѓу себе.

Репрезентацијата до 21 година, квалификациите за пласман на Европското првенство ги заврши на првото место во Групата 3, со скор од шест победи, три нерешени и еден пораз и гол разлика 13:7.