Коалиција за ПРОМЕНИ и ПРАВДА: Почна кршење на изборните правила

Сподели

frodem

„Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА (ДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ, ФРОДЕМ, ДЕМОС и МОРО РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА), предупредува на кршење на изборните правила. Последните денови, носители на високи позиции во државните институции и директори на јавни претпријатија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, прават списоци на вработени и вршат притисок врз  нив да подготват и тие список  на потенцијални гласачи, условувајќи ги, тие и наведените на списокот, да гласаат за кандидатите за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

За партискиот собир закажан за во недела исто така се притискаат вработените во државната администрација, задолжително да присуствуваат.

Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА, бара МВР и ДИК да дејствуваат превентивно и ваквите појави да ги сосечат во корен.

Доколку и натаму се кршат изборните правила преку притисоци, креирање на гласачи, гласање за друг, купување на гласови и полнење на гласачките кутии, како и со клиентелизам преку социјалните трансфери, регуларноста на целиот изборен процес ќе се доведе во прашање.

Ги повикуваме и охрабруваме граѓаните, невладините организации и медиумите, секое кршење на правилата за избори јавно да го објават“, се вели во соопштението на Коалицијата за ПРОМЕНИ и ПРАВДА.