Кардиналите во Ватикан против отворањето на “Мекдоналдс” на плоштадот “Свети Петар”

Сподели

vatican

Со остра критика се јавија кардиналите во Ватикан поради информацијата за отворање ресторан на Мекдоналдс кај плоштадот Свети Петар,во близина на кардиналската резиденција.

– Ова е, во најмала рака, контроверзна, перверзна одлука, изјави кардиналот Елио Сгреча, во интервју за весникот „Република“.

Тој изјави дека отворањето на Мекдоналдс од десната страна на ватиканската базилика „ниту на еден начин не ја почитува традицијата на архитектурата на плоштадот Свети Петар“.Со официјално писмо се обратил до папата Франциско, барајќи негова интервенција против ваквата одлука, која на Ватикан би му носела 30.000 евра месечно, но и бучава и мирис на сендвичи, пишува „Република“.

– Во текот на последните неколку години, идентитетот на ова подрачје е загубен, истакна Морено Проспери, шефот на Комитетот за заштита на историската област околу Ватикан поради, како што нагласил, „зголемениот број на дуќани за сувенири и улична продажба“.