– Списанието „Engineering News Record” (ENR) тунелот Евроазија го избра како „Најдобар тунелски проект во светот“ за 2016 година
ИСТАНБУЛ (АА) – Списанието „Engineering News Record” (ENR) го избра тунелот Евроазија како „Најдобар тунеслки проект во светот“ за 2016 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Според сопштението на компанијата за градежно управување и инвестиции (АТАШ) тунелот Евроазија доби награда на настанот на кој се доделува признание за најдобар тунелски проект во светот организиран од страна на списанието кое постои од 1874 во САД.
Исто така ова година од страна на Генералниот директорат за инфраструктурни инвестиции при Министерството за транспорт, поморство и комуникаци тунелот Евроазија што ќе поминува во линијата Казличешме-Ѓозтепе и што ќе се управува според моделот „Гради-Управувај-Трансферирај” беше избран за проект на годината во катеоријата пректи за тунели и мостови.
На церемонијата за доделување на наградата која се одржа во Њујорк покрај претставниците на инвеститорите на пректот на фирмата „Јапи Меркези” и „Е и С” присуствуваа и меѓународни технички советници, лидери во оваа област кои придонесоа во реализацијата на проектот.
На церемнонијата присуствуваа претседателот на Управниот одбор на Холдингот „Јапи Меркези”, Ерсин Ариоглу, претседателот на управниот одбор на АТАШ Башар Ариоглу, управителот на АТАШ Сеок Је Сео и членовите на управниот одбор на АТАШ.
Наградата за пректото му беше врачена на председателот на управниот одбор на АТАШ Башар Ариоглу. Во своето обраќање Ариоглу рече дека тунелот Евроазија претставува гордост и за турското и за светското инжинерство и дека во Истанбул оствариле проект кој го привлече светското внимание.
Истакнувајќи го успешното завршување на проектот ќе ги охрабри за многу проекти за кои што до сега немале хрброст да ги направат Аиоглу рече:
„Овој проект ќе биде причина за започнување едно ново тунелско движење за изградба на подлабоки, поголеми и подолги тунели. Поради оваа причина тунелот Евроазија го оценуваме како проект што ја започнал нова ера во тунелството“ .
Отворањето на проектот што доби меѓународни награди се очекува да биде на 20 декември годинава.