Запленет имот на поранешниот премиер на Романија, Виктор Понта

Сподели

Обвинители од Националната дирекција за борба со корупцијата во Романија наредија запленување на дел од имотот на поранешниот премиер Виктор Понта во вредност од 220.000 евра.

Наредбата е издадена откако Понта е обвинет дека добил 220.000 евра од бизнисмен, Себастијан Гица, кој откако бил ставен на листата на Социјалдемократската партија, добил место во Претставничкиот дом како кандидат од округот Прахова.

Според антикорупциските обвинители, Понта ги искористил парите за да организира посета на Романија од поранешниот британски премиер Тони Блер преку невладина организација. Било претставено дека средбата Понта-Блер била на барање на поранешниот британски премиер.

Гица е сопственик на телевизијата „ТеВеРе“ и близок пријател на Понта. Гица исто така е обвинет за низа дела, меѓу кои давање на поткуп, уцена, купување на влијание и друго.

meta.mk