ЛП: Поддршка за истрагите на СЈО во ДБК

Сподели

Соопштение на ЛП:

lp-zname-web

Продолжувајќи со принципиелната поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство, Либералната партија уште вечерва, во текот на обидот за извршување на судската наредба за прибавување информации и докази во Дирекцијата за безбедност и контра-разузнавање, ја реафирмира поддршката за истрагите на СЈО во ДБК.

Непостапувањето по судски налог е директно спротивставување на законот и системот, што по дефиниција ДБК треба да го штити од домашни и надворешни закан.

Одбивајќи да го спроведе судскиот налог и опструирајќи го барањето на СЈО, ДБК и самата прераснува во закана по уставниот и правниот поредок на државата. Одбивањето на доставувањето на побаруваните докази со судски налог всушност е обид за „партиско-полициски удар”.

Од објавените записи слушнавме што се зборувало, но клучно е македонската јавност да дознае кој наредил и спровел прислушкување, а потоа да се утврди одговорност за постапката – доколку прислушкувањето го правела ДБК по наредба спротивна на законот, по чија наредба и доколку прислушкувањето е од странска служба – зошто тоа не е спречено и санкционирано.

Со исто внимание ги очекуваме и наодите од истрагата по добивањето на побаруваните докази и идната судска постапка.