Телеком дава отпор, ВИП и ОНЕ соработувале со СЈО

Сподели

Најголем отпор во соработката за предистражната постапка за прислушувањето која ја води Специјалното јавно обвинителство доаѓа од Македонски Телеком, дознаваНoватв.

Zarko-Lukovski

ВИП и ОНЕ соработувале, но од Телеком одбивале да бидат дел од истрагата на СЈО.

Главен оперативен директор на Македонски Телеком е Жарко Луковски. Тој е еден од аболираните од страна на Претседателот Ѓорѓе Иванов за кривичните дела „Повреда на слободата на определување на избирачите“ и „Повреда на тајноста на гласањето“.

 Жарко Луковски е близок пријател на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој му е и венчален кум. Луковски исто така е сопственик на фирмата „Мобико“, каде директор е Владислав Стајковиќ, газда на НВСП, компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго.

Текстот во целост прочитајте го тука