Владимир Атанасовски – директорот од ноќниот дуел СЈО – УБК

Сподели

direktor-ubk-777x437-1-670x377

Катица Јанева вчера обвини дека директорот на УБК, Владимир Атанасовски, ја опструира и не им дава пристап до документацијата и до системите за прислушување и покрај уредната судска наредба. Таа на два пати одржа прес-конференции пред Министерството за внатрешни работи за да ја извести јавноста дека директорот на УБК не соработува и не ги почитува судските наредби. Во ноќната сага во зградата на тајната полиција, се пожали и другата страна – и директорот Атанасовски обвини дека Катица Јанева правела циркус и им пречела во работата во УБК, пишува Нова.

Името на новиот шеф на тајната полиција (популарно од УБК), Владимир Атанасовски, не е многу познато во јавноста. Пред да стапи на оваа функција тој беше директор на Агенцијата за финансиско разузнавање каде што во 2013 година го наследи Ване Цветанов. Познат беше по тоа што за време на раководењето со оваа институција не се одржа речиси ниту една прес-конференција, а новинарите мака мачеа да воспостават некаква соработка. Речиси и да не се знаеше што воопшто се работи таму.

За време на кампањата на Ѓорѓе Иванов за претседател, Атанасовски со него одеше во мали градови низ Македонија како придружба.

На позицијата директор на УБК беше поставен на 1 септември со одлука на владина седница, а пред него таму кратко седеше Љупчо Андоновски, кој дојде по Сашо Мијалков, контроверзниот братучед на Никола Груевски кој на столче седеше речиси една деценија.

текстот во целост прочитајте го тука