БЕЈРУТ (АА) – Зеид Раад ал-Хусеин, високиот комесар за човекови права на Обединетите нации вели дека во сирискиот град Алепо е „касапница“ и го повика Советот за човекови права да се дистанцира од политичките несогласувања и да се фокусира на страдањето на цивилите, јавува Anadolu Agency (AA).
Во петокот, на видеоконференција со 47 земји-членки на телото на ОН задолжено за човекови права, Ал Хусеин упати отворени забелешки, по што ја отвори специјалната седница за Алепо, свикана од страна на Велика Британија и другите заради кризата во овој сириски град.
Јорданскиот принц Ал-Хусеин изјави дека кршењето на човековите права и злоупотребите во Сирија, особено во источниот дел на Алепо, кој го држат бунтовниците, претставуваат злосторство од историски размери.
Тој истакна: „Kолективниот неуспех на меѓународната заедница е тоа што не може да ги заштити цивилите и да го запре ова крвопролевање, коешто треба да нѐ прогонува сите нас“.
Се очекува дека Советот за човекови права подоцна, во текот на денот ќе гласа за резолуцијата којашто треба да повика на засилено следење на злосторствата во Алепо.