Во УБК се вратија на работа двајцата задолжени за шифрите

Сподели

Во Управата за безбедност и контраразузнавање напредок со спроведувањето на судска наредба за претрес во системот за следење на комуникации откако во текот на вчерашниот ден двајцата вработени во УБК единствени кои биле задолжени за шифрите на системот се вратиле во Македонија. Но колку од работата е завршено од СЈО не прецизираат најавувавajќи информација во текот на последниот ден пред продолжениот викенд.

mvr-zgrada_1_9

Според извори на Телма од бараните информации од системот веќе се обезбедени и преземени, а за довршување на претресот се чека и доаѓање на експертот од фирмата Ериксон. СЈО влезе во УБК завчера во потрага по докази за предистражна постапка.

 Дополнителниот заменик министер Андонов и двајцата директори, на УБК и на Бирото за јавна безбедност оценија дека со реализирање на наредбата може да се предизвикаат последици врз националната безбедност.

Но отпорот траеше и попушти, а поранешни полициски началници оценуваат дека соработката меѓу УБК и СЈО требало да биде воспоставена многу порано за да се забрзаат истрагите на специјалното обвинителството.

Претресот е согласно судска наредба, а Ѓурчески вели дека мора да биде извршен и СЈО е должно да состави записник кој ќе го достави до судијата на претходна постапка потпишан на наредбата. Доколку со претресот на системот и друго кривично дело кое не е дел од наредбата, СЈО мора да го евидентира и да го истражи и тоа друго дело, потенцира Ѓурчевски.

Телма