Авион со претставници на ЕУ се урна во Малта, најмалку пет лица загинале, соопшти агенцијата Ројтерс. Според извори на весникот „Тајмс оф Малта“, станува збор за авион на граничната агенција „Фронтекс“, кој се упатил за градот Мисрата во Либија.
Сведок раскажува за медиумите дека авионот полетал, но потоа се навалил надесно и се урнал во земјата. Според извори на „Тајмс оф Малта“ најверојатно нема преживеани. Летовите од и до меѓународниот аеродром се запрени до следна наредба.
Спасувачите трагаат по преживеани, а националноста на жртвите се уште не е позната.
Минути по несреќата министерот за здравство на земјата објави во Твитер телефонски број за итна психолошка помош.