СЈО не откриваат до каде е патот на експертот од Ериксон, од шведската компанија за производство на телекомуникациска опрема по демантот дека тие се сопственици на опремата во МВР соопштија дека ќе молчат за време на истрагата, а од операторот Телеком во текот на денот не одговориле на прашањата на Телма поврзани со прислушувањето.

miomir_16[1]

Во целиот молк, останува само кажаното на СЈО дека обезбедиле од УБК се што можеле да обезбедат без експертот на Ериксон. Во УБК не остана никој од специјалното обвинителство, а сите и од МВР и од тајната полиција ветија дека таму нема да фали ништо од системите за следење на комуникации. СЈО во рамките на предистражната постапка бараше информации за бројот на извршени мерки за следење на комуникации.

Во рамките на МВР постојат две единици, едната е системот за следење и регистрирање кој е во сопственост на МВР и од март е единствениот систем за прислушување во МВР, откако двата претходни беа уништени и сега за таа постапка СЈО ја води истрагата Тврдина. Вториот елемент е опремата на Ериксон, таа е сместена во МВР. Опремата според членот 175 од Законот за електронски комуникации задолжително ја набавува операторот. Таа опрема од производителот Ериксон се користи последните неколку години од оваа деценија. Односно Ериксон е во МВР подолго време отколку што е новиот систем за следење на комуникации.

 СЈО ги бара податоците за колку телефонски броеви е извршено следење на комуникации со опремата на Ериксон, но и преку системот на МВР. Споредбата на овие две бројки на прислушувани телефони е круцијалната информација која ја бара СЈО за да се утврди дали имало нелегално следени комуникации. Во опремата на Ериксон пак која била во употреба додека се снимани таканаречените бомби ќе има информации и за начинот на следење на комуникации од тој период што дополнително ќе помогне во истрагата.

Покрај овие споредби, СЈО веќе ги добило и податоците за регистрирани судски наредби за прислушување кои исто така ќе бидат споредени со бројот на извршени следења на комуникации за да се утврди дали законот е почитуван или е прислушувано и нелегално во УБК. Од СЈО засега не коментираат до какви податоци стигнале и тврдат дека презмениот материјал се анализира.

Извор: Телма