Mеѓународна изложба во ОСТЕН -“БИЕНАЛЕ НА ЦРТЕЖ”

Сподели

baner-za-obc-1

Во рамките на официјалната програма на ОСТЕН „Биеналето на цртеж“ следува уште една возбудлива седмица во која ќе бидат претставени уметници од Франција, Германија, Ирска, Холандија, Норвешка, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство!

Утре во 12 часот започнува изложбата на авторите Златко Гламочак, Камелија Отеро, Нина Ансари, Клои Грув, Питер Хејдек, Константин Јаху, Николас Поигнон, Ирена Паскали, Дајан Прадо Браво, Хелен Шулкин, Пол Меклоски, Татјана Ан, Пиен ван дер Бек, Авни Ссами, Сири Стиклстад, Стефан Бергер, Фрејмонд Марсел, Соња Бенскин Мешер, Ингрид Кристи, Елпида Хаџи-Василева, Лин Лангтон и Стивен Мумберсон.

За сите оние кои што ќе сакаат да ја проследат изложбата, а при тоа да научат и повеќе за новите трендови во експресијата на афирмирани западноевропски и скандинавски уметници, вратите на Галерија ОСТЕН се отворени од 9 до 17 часот секој работен ден (сабота од 10-13 часот).