Министерката за култура денеска на распит во Основниот суд

Сподели

elizabeta-kan

Во Основниот суд Скопје 1 во секој момент се очекува на распит да пристигне министерката за култура Елизабета – Милевска Канческа, осомничена во „Тендери“ предмет на СЈО, пишува Фокус.

Канческа денеска ќе се соочи со аргументите на обвинителката Фатиме Фетаи и со судија на претходна постапка.

Судијата ќе треба да одлучи дали на осомничената министерка ќе и го одземе пасошот, мерка на претпазливост што ја предложи СЈО.