City Park Hotel-Skopje, 31 октомври
ЦИВИЛ организира конференција на тема: „Злоупотреба на социјалната правда за изборни цели“ на 31 октомври во хотел „Сити парк “ со почеток во 12 часот, на која ќе биде презентирана компаративната анализа заснована на видео изјавите на претставници на политичките партии, експерти, претставници на граѓанското општество и синдикати, како и на анализите и наодите на ЦИВИЛ од долгорочниот мониторинг.
Се надеваме дека од оваа конференција ќе произлезат заеднички препораки за политичка и општествена акција за превенција од злоупотреба на ранливите категории граѓанки и граѓани за изборни цели. Секој од учесниците ќе има можност да има кратко излагање на конференцијата.
Видео интервјуата и нивните транскрипти на македонски, албански и англиски ќе бидат објавени на онлајн каналите на ЦИВИЛ и ќе бидат слободни за превземање, објавување и користење (Creative Commons 4.0).
На конференцијата се поканети учесниците во проектот, синдикатите, граѓанските организации, медиумите и сите засегнати граѓанки и граѓани.
Проектот се спроведува во соработка со Фондацијата Хајнрих Бел – канцеларија во Сараево.