СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС УТРОВО ЈА ПОТРЕСЕ ИТАЛИЈА

Сподели

zemjotres

Силен земјотрес утрово повторно ја потресе централна Италија. Според европската сеизмичка опсерваторија земјотресот во 6.40 часот по локално време бил со интензитет од 6,5 степени по Рихтер, што е најсилен од сите земјотреси кои во изминативе неколку месеци ја погодија Италија.

4

Епицентарот на земјотресот бил 68 километри источно од Перуџа, во истата област како и тој минатата недела, во длабочина од 1,5 километар, а се почувствувал и во Рим.

Медиумите во Италија јавуваат дека зградите кои минатата недела се тресеа и беа оштетени во земјотресот, сега се урнале.

Засега нема информации за жртви.

Последниот земјотрес е најсилен што ја погодил Италија од 1980 година.