ДУБАИ (АА) – Огромниот комплекс на забавни паркови во пустината јужно од Дубаи го отвори денес својот прв парк Леголенд, пренесува Anadolu Agency(AA).
Леголенд (Земјата на Лего коцки) е најголемиот дел од проектот „Дубаи паркс & ресортс“, во рамките на ширењето на главниот град на емиратот Дубаи, на јужната страна.
По Леголенд, следи отворањето на комплексот за кој се верува дека ќе биде најголемиот забавен тематски парк на Блискиот Исток.
Претходно беше најавено дека „Дубаи паркс & ресортс“ ќе биде мегарекреативна дестинација за забава, со три комбинирани тематски паркови, воден парк и хотел со четири ѕвезди, за чие целосно разгледување ќе бидат потребни неколку дена.
Сите заинтересирани веќе можат преку интернет да ја купат својата годишна пропусница за паркот, која чини 620 евра.
Целта е Дубаи, градот на луксузот и раскошот, освен бизнис-центар да се направи и неизбежна туристичка дестинација.