МКЦ, 06.ноември
На 6 ноември ќе биде промовирана кногата ,,Живот вреден за живеење”-книга исповеди на семејства со деца со пречки во развој.
Оваа книга е единствена од ваков вид кај нас, а издавач е Или-Или. Составена е од 15 лични приказни на родители, сестри, браќа на деца и младинци со пречки во развојот.
Авторките Емилија Георгиевска-Наневска (психолог-предавач на Универзитетите Сафоли и Сент Луис во Мадрид) и Мимоза Петревска Георгиева (новинарка во Нова Македонија) се мајки на девојчиња со посебни потреби , додека авторот на фотографиите Драги Неделчевски од Тетово е татко на момче со церебрална парализа.
Книгата опфаќа исповеди на најблиските членови од семејството на децата со разни видови попреченост. Во исповедите се поместени нивните искуства од разни аспекти.