Соопштение на СДСМ:
„Тука сум да укажам, алармантна е состојбата на Клиниката за кардиологија!
Додека Груевски и Тодоров глумат по телевизии, овде во оваа Клиника, за пациентите оперирани од срце нема апарати за кислород!
Апарати за кислород, според информации од лекарски и медицински персонал, нема НА НИТУ ЕДНО ОДДЕЛЕНИЕ! Има само на Интензивна нега. Вработените се вознемирени бидејки на одговорност им се пациенти за чие евентуално нарушено здравје тие ќе треба да одговараат.
Не работат апаратите за ЕКГ по одделенијата каде што лежат пациентите!
Нема ни колички за пренесување на оперираните пациенти и оние кои се неподвижни.
Зошто е состојбата таква покажува овој документ за побарана медицинска опрема на Кардиологија.
Погледнете што бил одговорот од Министерството за финансии: Да не се преземаат активности кои создаваат нови финансиски обврски по Буџетот!
Сето ова ги покажува лицемерните, штетни тендер политики на Груевски и Тодоров во здрвството, кои го уништија здравјето на многу граѓани.
Почитувани граѓани, ова безобразие на неодговорната власт на Груевски завршува на 11 декември. Еден од врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ ќе бидат здравјето и потребите на граѓаните на Република Македонија“, изјави Гоце Чакаровски, претседател на Комисијата за здравство на СДСМ.