ТУРЦИЈА: Забрана за Фејсбук, Твитер Јутјуб и други интернет страници

Сподели

mobilni-aplikacii

Голем дел од веб страниците и алатките за комуницирање од денес се забранети во Турција. Жителите на државата не можат да пристапат до некои од најголемите страници и услуги, меѓу кои се и Фејсбук, Твитер, Јутјуб, Ватсап и други. Некои јавуваат дека веб страниците се само бавни, но сепак можат да пристапат до нив. Други велат дека се сосема забранети.

Сѐ уште не е познато дали блокадата е предизвикана од интернационална забрана, сајбер напад, или пак станува збор за несреќа. Некои јавуваат дека причина за недостапните веб страници се проблеми со сигналот на Турк Телеком.

Turkey Blocks, веб страница која следи проблеми со интернетот во Турција, тврди дека интернет сообраќајот е закочен намерно, а конекциите се забавени до тој степен што е невозможно да се користат. Тврди дека интернет забраната е поврзана со апсењето на политички активисти ноќта пред да „снема“ интернет.

Проблемите започнале во текот на ноќта, но траеле во текот на целиот вчерашен ден, според локалните медиуми.