Поради големото загадување на воздухот, беа откажани некои летови на Меѓународниот аеродром во Пекинг
ПЕКИНГ (АА) – Поради зголеменото загадување на воздухот во северниот дел на Кина и намалувањето на видливоста на околу 200 метри издаден e портокалов аларм во оваа област, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Националниот метеоролошки центар на Кина велат дека алармот е издаден поради намалената видливост под 200 метри во областа на Пекинг, како и многу други области во северниот дел на земјата.
Поради големото загадување на воздухот, беа откажани некои летови на Меѓународниот аеродром во Пекинг.
Поради загадувањето на воздухот во Кина, на сила стапија четирите нивоа на аларм, сина, жолта, портокалова и црвена боја.