ШК Алкалоид убедлив против Јелица ПЕП

Сподели

shah-alkaloid-turnir-ekk-1

Екипата на ШК Алкалоид продолжи со успешна игра и извојува висока победа против младите шахисти од Јелица ПЕП од Србија со 5,5:0,5.

Со исклучок на Дмитри Андрејкин кој ремизираше на втората табла, другите пет шахисти на Алкалоид освоија цел поен: Лирен Динг, Павел Елјанов, Јангји Ју, Јуриј Криворучко и Трајко Недев.

Во останатите мечеви, сите фаворити за највисок пласман остварија победи. Со третото коло започнуваат и првите меѓусебни дуели на најдобрите.

Екипата на Алкалоид за противник во 3.коло ќе го има тимот на Чедлтон.