Ново задолжување од 12,1 милион евра

Сподели

euros

Владата денеска планира да се задолжи за 12,1 милион евра. Планирани се две аукции на кои на домашните кредитори ќе им се понудат државни записи и државни обврзници.

Позјамените пари обезбедени преку државни запизи ќе се враќаат за шест месеци односно една година, додека парите обезбедени преку обврзница ќе се враќаат за две години.

Од Министерството за финасии денеска информираа дека вчера во стопанството се вратени 12,2 милиони евра.

Според најновите објавени податоци, јавниот долг достигна близу 4,7 милијарди евра или 50,6 отсто од БДП, што претставува рекордно измерено ниво на јавен долг.