ДИК: Потврдите за неосудуваност да бидат издадени навреме

Сподели

dik

Државната изборна комисија (ДИК) писмено ќе се обрати до сите основни судови со укажување дека до петок на полноќ истекува рокот за доставување на кандидатските листи и оти кандидатите треба навреме да ги имаат потврдите за неосудуваност.

Членовите на ДИК ова го договориле на синоќешната седница откако вчера имаше партиски реакции за судскиот рок за издавање на pотврда за неосудуваност за кандидатите за пратеници. Рокот за поднесување на листите истекува во петок на 11 декември.

Според информациите од ДИК, 711 лица со спорни записи до вчера се пријавиле до Комисијата за регулирање на изборното право.

За гласање во странство до вчера до ДИК се пријавиле околу 12.500 државјани на Република Македонија. Пријавувањето завршува во петок на 11 ноември, како и увидот во избирачкиот список за предвремените парламентарни избори.

Освен ДПА и делумно СДСМ, ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ доставиле предлози за членови на избирачките одбори во дијаспората. Според одлуката од ДИК од синоќешната седница, членовите што недостасуваат ќе бидат дополнети со вработени од јавната и државната администрација.