ЕК: ЕУ ја продолжи контролата на внатрешните граници

Сподели

vlajka_eu

Европската Унија денеска одобри привремената контрола на границите во Унијата да биде продолжена за уште три месеци, за да се контролира мигрантската криза.

Европската комисија минатиот месец им препорача на Австрија, Данска, Германија, Швајцарија, но и на Норвешка, која не е членка на ЕУ, да ги продолжат контролите на границите до 15 ноември.

Интерната контрола е наметната поради ограничувањето на влезот во ЕУ на мигрантите без документи, преку Грција и Италија.

„Советот на Европа денеска ја усвои препораката да се продолжи контролата на границите во Германија, Австрија, Данска и во Норвешка“, стои во соопштението на Европската комисија.