Шведските нео-нацисти го одржаа досега најголемиот марш за поддршка на Трамп

Сподели

gettyimages-622841906-702x336

Насилна пресметка меѓу поддржувачите на Доналд Трамп, кои излегле на улиците да ја прослават неговата победа на претседателските избори во САД, и антифашистите кои протестирале против неговиот мандат, се случила изминатата сабота во Стокхолм.

Околу 600 десничари од шведското Нордиско движење на отпорот марширале кон шведскиот парламент во историската област Гамла Стан. Ова е досега најголем марш во историјата на групата.

Петмина биле уапсени, а двајца повредени, откако дошло до пресметка меѓу неонацистите и групата антифашисти.

Портпарол од полицијата изјавил дека демонстрантите биле приведени поради агресивно однесување, а околу 50 биле избркани или отстранети од маршот.

Најмалку еден полицаец бил повреден за време на пресметките, а неколкумина биле веднаш однесени во болница.

 

Според сведоци, антифашистите ги имало во многу поголем број од неонацистите и започнале да ги маваат со снежни топки, а употребиле и пиротехника.

Нордиското движење на отпорот е формирано од поранешни членови на Отпорот на белите ариевци и вработените на Фолктрибунен, неонационалистички магазин.

Групата, која промовира отворено расистички и антисемитистички погледи и гласно се противи на имиграција во државата, се смета за најголемо движење кое промовира „бела сила“ во Шведска.

На маршот изјавиле дека „изборот на Трамп за претседател на САД е знак дека светската револуција започнува“.

Говор одржала и Вера Оредсон, која била член на Хитлеровата младост како дете, додека живеела во Нацистичка Германија.

radiomof.mk