Германската полиција утринава и изврши претреси во десет провинции, против осомничени поддржувачи на терористичката групација Исламска држава, јави ДПА.
Во акцијата учествувале стотици полицајци, кои извршиле претреси на повеќе од 200 станови и канцеларии, во сопственост на лидери и поддржувачи на салафистичката групација Вистинска религија, изјавија претставници на полицијата.
Претресите кои почнале истовремено во земјата во 6:30 часот по локално време, биле извршени во западна Германија и во Берлин.