Германската канцеларка, Ангела Меркел, порача дека е неопходно сите друштвени структури да се отворат повеќе за интеграција на мигрантите и бегалците
БЕРЛИН (АА) – Германската канцеларка, Ангела Меркел, ги повика граѓаните на Германија да се залагаат нивнита земја и понатаму да остане отворено општество, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сите сме сега повикани да ги ставиме картите на маса и да го подигнеме знамето за Германија со отворен ум” , изјави Меркел за новинарите по 9 интеграционен форум во Берлин.
Исто така порача дека неопходно сите државни структури да бидат отворени повеќе за интеграција на мигрантите и бегалците.
„Достоинството на секој човек е неповредливо, без оглед на вера, потекло, сексуална ориентација и други карактеристики”, изјави Меркел.
Таа смета дека на мигрантите во Германија, кога ќе им се обезбедат потребни услови и прилики, се подготвени да учествуваат во општествените процеси.
Таа предупреди дека победата на Доналд Трамп на изборите во САД би можела повторнo да ја отвори дискусијата за мигрантите во Германија.