КУБА: Амнестирани 787 луѓе по повик на папата Франциско

Сподели

papa-kuba

По повик на папата Франциско упатен во Светата година на сочувството, кубанските власти одлучија да амнестираат 787 затвореници меѓу кои жени, малолетни и болни.

Властите исклучиле од амнестија луѓе осудени за убиства, силување и шверц на наркотици.

На 11 септември 2015 година пред посетата на папата на Куба, беа амнестирани 3.522 затвореника. Тоа беше прва посета на папата на островската држава.