Македонија е плодна почва за извоз на џихадисти кои се борат во војните во Сирија и Ирак на страна на џихадистичките организации, а во најновата анализа на „Њу Америка“ направена по документи добиени токму од терористите, се открива дека Скопје е на трето место по бројот на борци за ИСИС по глава на жител, пренесе 24 Вести.
Анализата на „Њу Америка“ базирана на овие документи, го покажува бројот на борци кои се приклучиле на терористичката организација како пропорција на вкупниот број борци кои доаѓаат од дадена земја. По овој принцип, и покрај тоа што од земјава се регрутирани седумнаесетмина борци, процентуалната стапката на приклучување во редовите на Исламска држава е 71 отсто.
На прво и второ место на ранг листата од истражувањето на „Њу Америка“ се Кина и Либан.
Советникот за американскиот Стејт Департмент Адриан Штуни во интервју за 24 Вести посочува дека според извештаите и доктор по науки од земјава се приклучил кон терористичката организација.